Ново поскапување на нафтените деривати во малопродажба најавуваат движењата на цените на суровата нафта на берзата во Лондон.

За една недела, цените се повисоки за околу 1,3 долари по барел во споредба со цените од минатите две недели, кога регулаторот ја формираше актуелната малопродажна цена.

 

За очекување е во текот на оваа недела цената на барел нафта да отиде и над границата од 70 долари за барел. Доколку тоа се случи, извесни е дека регулаторот ќе направи значителна корекција која би одела и над 2 денари по литар.

 

 

 

И во моментов цените на нафтените деривати се прилично високи. 95 октанскиот супер е 67,5 денари, 98 октанскиот 69 а дизел се точи за 59 денари по литар.

 

За очекување е бензините да отидат над 70 а дизелот над 60 денари за литар.

Минатиот понеделник Регулаторната комисија за енергетика бензините и дизелот ги поскапи за 2 односно 1,5 денари по литар.