Денеска владата и Министерството за финансии се задолжуваат за нови 56 милиони евра. На официјалната страна на Министерството за финансии е закажана аукција на државни хартии од вредност во износ од вкупно 3. 450.000.000 денари или 56 милиони евра. Аукцијата е на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 140.000.000, 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 200.000.000 денари и 12 месечни државни записи во износ од 2.810.000.000 и 300.000.000 денари.

 

 

 

 

 

Владата и Министерството за финансии имаат закажано секој месец по 2 задолжувања преку државни хартии од вредност.Само од почетокот на оваа година вклучително и задолжувањето закажано за денеска  владата ја задолжи Македонија и нејзините граѓани за огромни 725 милиони евра.

 

 

 

Што е уште позагрижувачки  според експертите е намаленоста на реализацијата на капиталните инвестиции. Имено, реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се само 242 милиони денари, односно 6 пати помалку од јануари 2017 година, кога капиталните инвестиции беа потрошени 1 милијарда и 300 милиони денари.

Отсуството на капитални инвестиции е она што е најпоразително и алармантно. Според експертите задолжувањата се оправдани само доколку со нив се градат проекти кои имаат подолгорочен позитивен ефект врз економијата на земјата како градење на инфраструктура патишта мостови, железници и слично.