Почитувани читатели на БанкоМетар.мк,

Денес го добивме следното прашање од наш читател што е заинтересиран за најповолен станбен кредит во моментот во нашата земја. Неговото прашање Ви до пренесуваме интегрално:

„Почитувани од Банкометар би сакал да ми кажете според вас кој е најповолен станбен кредит со најниска каматната стапка и најмалку трошоци за 45000€ поз.“

З.К. – Битола


Во прилог е и нашиот одговор на дилемата на нашиот читател и потенцијален кредитобарател за станбен кредит која исто така ја пренесуваме интегрално:

Почитуван г-ине Каранфиловски

Во однос на Вашето прашање за најповолен и најевтин станбен кредит согласно нашето рангирање но и нашата анализа, фактите на терен моментално се следните:

  1. Како две банки кои би ги издвоиле со особено добра понуда според номиналната каматна стапка ( НКС ) ги издвојуваме Халк Банка и Силк Роуд Банка. Номиналната каматна стапка која ја нудат овие банки е 3% и 2,7% респективно.
  2. Времетраење на кредитите кои е дозволено, т.е. максимум рок во двата случаи е 360 месеци т.е. 30 години
  3. Двете банки нудат 12 месеци грејс период.
  4. Минимум сопствено учество : Халк Банка бара 15%, Силк Роуд Банка бара 20% – што далеку е поповолна Халк во овој случај бидејќи учеството најчесто е еден од пресудните и најтешките услови за клиентите.
  5. За предвремена отплата на кредитот ( доколку имате сопствени средства ) Халк Банка не наплаќа провизија т.е. таа е 0% , Силк Роуд Банка наплаќа 5% по било кој основ ( сопствени средства или средства од друг кредит за рефинансирање ), со што Халк и тука води значително бидејќи ова често се случува кога клиентите ќе заштедат некој средства па сакаат да го „затворат“ кредитот, ова може да биде многу издашна ставка.
  6. И за крај и пресуден елемент во компарацијата на двете банки : Стапката на Вкупни Трошоци ( СВТ ) или она што во суштина ќе го платите со сите трошоци и камати, она што е РЕАЛЕН ТРОШОК за клиенти кои земаат плата во банката и користат станбен кредит – пресметките се следни :

– Халк Банка : Стапка на Вкупни трошоци за станбен кредит : 4,80 %

– Силк Роуд Банка : Стапка на Вкупни трошоци за станбен кредит : 4,99 %

И во овој, можеби најзначаен елемент во препораката, фактор – Халк Банка е подобра опција за станбен кредит. Во суштина, таа е и најдобрата и најевтина опција на пазарот моментално спорен мислењето на тимот на БанкоМетар.мк

Одбирањето на Халк Банка за Ваш станбен кредитор на Вашиот пример од 45.000 ЕУР на 360 месеци, калкулацијата на ратите би била следна:

Вие избравте 

 

 
Оттука, мислењето и препораката на БанкоМетар.мк за најповолен моментално станбен кредит е станбениот кредит на Халк Банка.
Со почит,
Наум Димитровски