Услови за Користење

Услови за Користење

Користењето на веб порталот Банкометар.мк, неговата содржина, поврзаните веб страни – ве обврзува Вас да ги почитувате Условите на користење, со цел заштита на Вашите права. Во овие правно обврзувачки Услови на користење „ние“ , „нас“ и „наш“ се подразбира на веб сајтот bankometar.mk , а „Вие“ и Ваш“ ја означува секоја личност која пристапува и го користи овој сајт.

Го задржуваме правото да ги менуваме Условите на користење без предходно известување на страниците на сајтот bankometar.mk. Новите услови стапуваат на сила во моментот на нивно објавување на сајтот, а со оглед на нивното повремено менување и дополнување , добро е секогаш кога ќе го посетите сајтот да ги проверите Условите на користење. Вашето континуирано користење на сајтот ќе значи и прифаќање на изменетите Услови на користење.

Ние овозможуваме независен online service кој ви овозможува да ги истражите и споредите банкарските производи или услуги кои се пружени од страна на трети лица при користење на овој сајт. Сите наши услуги се бесплатни за користење, без надокнада за користење или провизија за производите или услугите кои се споредуваат. Настојуваме на овој сајт да обезбедуваме само и исклучиво точни информации кои се редовно ажурирани, а евентуалните грешки да ги исправиме во најкраток можен рок. Вас ви е дозволено да пристапите кон користење на информации од овој сајт, само и исклучиво за свои и некомерцијални потреби, што значи дека е дозволено да споредувате и барате информации за производи и услуги само за себе и за свое име. Користењето на сајтот во други, комерцијални свери , строго е забрането и подлежи на санкции во склад со одредбите на Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на РМ” број 47/96, 3/ 98, 98/02.4/05 и 131/07).

Сите информации објавени на порталот се во исклучива сопственост на порталот и неговите договорни партнери. На порталот, истотака, му припаѓаат авторските права во областите : уредување, промени, избор и ускладување на содржината. Заштитните знаци, лого знаковите, имињата на поединците и друга слична интелектуална сопственост е во сопственост на порталот или сопственост на трети лица. Не е дозволено умножување, репродукција, јавно прикажување или дистрибуција на содржината, без писмено одобрение од порталот, односно задолжително наведување на изворот на информацијата.

 

Граници на нашата одговорност

Ние не гарантираме дека овој портал, неговата содржина, информации или податоци не можат да пренесат вируси или било што, што може да има штетно влијание на Вашите електронски уреди. Затоа, бидете осигурани со соодветен софтвер за проверка и заштита од вируси, бидејќи ние немаме никаква одговорност доколку дојде до било каков губиток или оштетување при користењето, преносот или превземањето на информациите, содржината и податоците по пат на интернет.

Не сме одговорни доколку дојде до било каква директна или индиректна губиток или материјална штета ( вклучувајќи и било каков паричен губиток во заштедата која ја очекувате, губиток на деловна прилика, или губење на профит или приход ) заради ситуација која не можеме да ја предвидиме во моментот на користење на порталот. Истотака , не сме одговорни доколку , поради било која причина не можете да пристапите или да го  користите bankometar.mk сајтот.

Банкарските совети, услуги и пакети кои ќе ги пронајдете на овој портал не можат да се сметаат за повик за купување на било кој имот или права, ниту можат да се сметаат за доволна информација за носење на значајна лична, финансиска или деловна одлука. Сите содржини – информации, анализи, мислења, прогнози и проекции кои се изнесуваат на сајтот – засновани се на јавни, статистички податоци истакнати на различни информативни извори. Оттука сите содржини на порталот се зависни од промените кои настануваат во изворите кои ги обезбедуваат информациите, како и промените кои настануваат од моментот на објавувањето па се моментот на нивно користење. Секогаш имајте во предвид дека информациите и описот на производите и услугите кои се опишани во сајтот не преставуваат комплетен опис на сите функции и услови на тие производи и услуги. Затоа внимателно прочитајте ги и проверете ги сите услови и карактеристики на било кој производ или услуга, пред да поднесете барање за да ви биде одобрено истото.

На нашиот портал можете да најдете линкови кон други сајтови кои можат да ви бидат од корист. Овие сајтови се во сопственост и управувани се од трети страни, физички и правни лица, над кои немаме контрола. Вие пристапувате и ги користите овие сајтови во сопствена одговорност и сходно на вашите потреби. Вие сте одговорни за користењето на производи и услуги кои се достапни на другите сајтови. Сите линкови кон други сајтови на трети лица се со цел да ја подобрат вашата информираност.  Ние не прифаќаме одговорност кон трети лица, нивните производи, услуги, информации, мислења, ставови или совети ( без разлика на тоа дали се наоѓаат на нивните или на други сајтови). Ние не сме одговорни за било која загуба или материјална штета која можете да ја претрпите или да ја направите со користењето на било кој сајт на трети лица или за било кои дела, пропусти, грешки или неисполнување на парични обврски кон трети лица во врска со нивниот сајт.

Вашето користење на било кој сајт во сопственост на трети лица регулирано е со одредбите и условите на користење на тој сајт, како и политиките на приватност кои се применуваат на тој сајт. Таквите услови на користење и приватност, можат да се разликуваат од нашите услови на користење и прописи на приватност. На Вас е оставено да се осигурате и согласите со условите на користење и прописите на приватност на секој сајт во сопственост на трети лица, пред користењето на истиот портал. Ние не сме одговорни за било каква загуба или штета која можете да ја претрпите или да ја направите во врска со условите на користење или политиката на приватност која се применува на било кој сајт – сопственост на трети лица, или за било кои дејствиа, грешки или пропусти од страна на трети лица во врска со условите на користење или политиките на приватност на тој сајт. Ве молиме да имате во предвид дека овај сајт обезбедува информации за широк спектар производи и услуги, но на пазарот може да има и други финансиски производи и услуги кои не се прикажани на сајтот, а кои би можеле да ви одоговараат на Вас и вашите потреби.

Авторски права

Ние ја заштитуваме приватноста на корисниците согласно важечката законска регулатива и сопствените можности. Положуваме авторски права на сите свои содржини – од авторски текстови, истражувања, вести, мултимедијални содржини и бази на податоци – до програмскиот код. Доколку други медиуми пренесуваат содржина објавена на порталот, должни се директно и на видно место да означат портал www.bankometar.mk како извор на содржината.

 

Пренесување на содржина од порталот на други медиуми

Авторски содржини од порталот можат да се пренесуваат по пат на печатени и електорнски медиуми само под следниве услови :

Ако авторот дозволува репродукција, дистрибуирање и комуницирање на својата содржина и доколку авторската содржина се користи во опсег кој одговара на целта и начинот на информирање и општо известување, при пренос на авторската содржина, задолжително е под насловот на текстот да се назначи извор и авторството – задолжително е во текстот на пренесената авторска содржина – да се назначи ознака за веб страната на порталот, на кој се наоѓа изворната содржина. Порталот не сноси одговорност за точноста, прецизноста и веродостојноста на информациите објавени на интернет страниците кои се во сопственост на трети лица, а чии податоци, информации и линкови порталот ги превзема. Доколку корисникот смета дека на порталот се повредени авторските права, должен е за тоа да ги извести администраторите на порталот преку [email protected] .

 

Пораки на порталот и спонзори

Со прифаќањето на условите на користење, корисникот се согласува дека со примањето на услугите на порталот е согласен да прима и реклами и различни известувања, пораки на администраторите, и слични пораки од порталот кои се неопходни за редовно известување на посетителите на порталот и функционирање на сите услуги и сервиси. Ако корисникот не сака да прима такви пораки , може да испрати порака на [email protected]  . Порталот не превзема одговорност за содржината на рекламата на огласувачот, а со тоа , не превзема одговорност ни за било каква штета настаната при рекламирањето. Деловниот однос помеѓу огласувачот и корисникот на порталот исклучиво се заснова деловен договор помеѓу огласувачот и корисникот, т.е. порталот не е одговорен за никакви последици кои евентуално би настанале од таквиот деловен однос.

 

Заштита на приватноста 

Се обврзуваме дека податоците кои ги добиваме од корисникот при користењето на услугите од порталот ќе ги користиме само за потребите на порталот, како и дека личните податоци нема да ги обработуваме ниту проследуваме на трета страна, освен ако не е поинаку назначено во правилата, или со посебно одобрение на корисникот. Имаме право, во склад со важечката регулатива во областа на заштита на личните податоци, собираме одредени податоци за корисниците, добиени со користење на порталот ( податоци околу компјутерот и даватели на услуги за поврзување со Интернет) или податоци внесени во постапка на регистрација. Се обврзуваме дека личните податоци како што се името и презимето и e-mail адресата , нема да ги обработуваме, ни да ги дистрибуираме за други потреби освен со предходна согласност и одобрение од корисникот, освен за демографски податоци за корисниците , а при тоа да не се оддаваат лични податоци за корисникот. Во склад со законските прописи, ќе ја чуваме приватноста на корисниците на порталот, освен во случај на тешко кршење на условите на користење на порталот или незаконско дејствување на корисникот на порталот.

 

Промена на правилата

Задржуваме право да без предходна најава ги промениме условите на користење на порталот. Секоја промена благовремено ќе ја објавиме на www.bankometar.mk. Важни информации или промени ќе ги назначиме на порталот или за нив ќе Ве известиме по пат на e-mail. Овие правила стапуваат на сила на 07.11.2014 година.

Охрид, Ноември 2014 година