Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка …
Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјоделско земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка.
Барателот ќе треба да поднесе изјава заверена на нотар во рок од 20 дена од денот на известувањето од страна на платежната агенција за неплатените долгови. Во случај кога барателот нема да достави согласност, одобрената помош што им следува не се исплаќа.
Доколку износот на финансиска поддршка на корисникот не е доволна за намирување на сите обврски, наплатата ќе се врши по одреден редослед, и тоа прво за закуп, потоа за меѓународна помош, за водарина и за пасишта.
Ресорното министерството до Платежната агенција доставува податоци за ненамирени финансиски обврски до 15-ти јануари 2024 година.
Доколку дојде до техничка грешка, ажурирањето на податоците ќе го вршат Министерството и јавните претпријатија даватели на услугата.
Едно земјоделско стопанство вкупно по сите основи не може да добие повеќе од 18 милиони и 450 илјади денари државна поддршка.