На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, денеска ќе се одржи настан посветен на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година.
Настанот, кој е во организација на Катедрата за Економија, е посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2024 година на тројцата економисти: Дарон Аџемоглу и Сајмон Џонсон од Институтот за технологија на Масачусетс и Џејмс А. Робинсон од Универзитетот во Чикаго, во Соединетите Американски Држави.
На настанот ќе говорат деканот на Економски факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески и раководителката на Катедрата за Економија, проф. д-р Даниела Бојаџиева.
За значењето на нобеловата награда за економија и за придонесот на овогодинешните лауреати, како што информираат од Економскиот факултет при УКИМ, ќе говорат академик Таки Фити, проф. д-р Владимир Филиповски, проф. д-р Љубомир Кекеновски и асист. м-р Ѓунтер Мерџан.