Денеска беа презентирани студиите за влијанието на регионалниот пазар во рамки на „Отворен Балкан“ врз секторите земјоделство и туризам.
– Отворањето заеднички пазар во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ покрај политичка волја изискува и соодветна институционална инфраструктура. Спроведувањето на иницијативата не е едноставен процес, тaa изискува голем степен на усогласеност меѓу земјите, планирање и креирање посебна институционална инфраструктура, како во дизајнирање на мерките и политиките што ќе ги спроведува секоја од земјите, така и нивна координација и мониторинг – истакна универзитетскиот професор Борче Треновски на денешната презентација.
Секоја од земјите во рамки на Отворен Балкан, истакна тој, има различни институционални и човечки капацитети, со различен начин на функционирање, така што од искучителна важност е покрај политичката волја да има и соодветна инфраструктура.
– Особено важно е што секоја ваква иницијатива има и своја фискална вредност односно цена. Треба да се види конкретно – кои се бенефитите, кои се ризиците и можностите од ваква иницијатива, рече тој.
Притоа тој ги посочи разликите кај земјите во однос националните политики во одредени сфери, разликите во политиките на субвенционирање, потоа потребата од дополнителна дигитализација што има своја цена, како и регулативите чии промени во бизнис-секторот со соодветни финансиски ефекти.
Кога станува збор конкретно за земјоделството како стопанска гранка, Треновски истакна дека Република Северна Македонија треба да биде особено внимателна, оттаму што земјоделствоото има значаен удел во домашниот БДП од некаде 11 проценти, со над сто илјади вработени и процес на драстично опаѓање на продуктивноста. Тој посочи дека во денешни услови, регионалното обединување на пазарот звучи добро, но не треба да се заборави на структурни разлики кај земјите од иницијативата.
Во таа насока се предлага национален пристап во делот на пристапување кон иницијативата.
– Пред да се оди на оперативно обединување, мора аналитички да видиме кои се гранките и бенефитите во кои државата ќе може дополнително да придонесе, да инвестира со цел да не се соочиме со промени, отворање на пазарите, нова конкуренција, заострување на цените или намалување на ресурсите во една економија и прелевање во друга, истакна тој.
Кога се оди во процес на регионализација, тоа значи минимизирање на протенционистичките мерки, заштитата на националните призводи преминува во координација. Затоа, како што истакна, потребна е усогласена внатрешна стратегија за специјализирање во земја од државите, за да се спречат евентуални негативни појави, за што ќе се дискутира и во рамки на денешната панел-сесија.
– Кога станува збор за мерки како замрзнување на цените, тоа може во крајна линија да има негативен ефект врз оние кои произведуваат, посочи Треновски.
Регионализацијата може да помогне за смирување на цените без да се преземат мерки за замрзнување. Но, тоа оперативно не е лесен процес, институциите мора да се координирани и меѓусебно да комуницираат на дневна основа за да не се случи злуопотреба и нарушување на тој процес. „На регионално ниво тоа е исклучително тешка задача“, рече Треновски.
Кога станува збор за секторот туризам, Бојана Мијовиќ – Христовска говореше потсети на податоците на Државниот завод за статистика кои покажуваат дека во секторот за туризам по 2019 година кога беа забележани најдобри резултати, во 2021 година покажува највисока стапка раст, со зголемување на бројот странски туристи за 39 проценти.
Анализите во браншата, покажуваат дека дури 82 проценти од компаниите како врвен приоритет за развој на секторот туризам го истакнуваат вложувањето во туристичка и сообраќајна инфраструктура. Шеесет проценти од компаниите сметаат дека само со иницијативата „Отворен Балкан“ Република Северна Македонија ќе биде препознаена како атрактивна туристика дестинација, додека 50 отсто од нив сметаат дека иницијативата ќе значи привлекување дополнителен број туристи, но и со државни субвенции.
– Како најважно е посочено осмислување регионален заеднички производ, осносно нудење на Македонија како дел од кружна тура на Балканот што би остварила високи резултати, рече таа.
Истражување спроведено кај компаниите од преработувачката индустрија и оние што се занимаваат со трговија на големо и мало, покажува дека 90 отсто од нив „Отворен Балкан“ очекуаат подобрување на работењето, зголемување на растот и зголемување на конкурентноста.
– Како главни придобивки за нив ги сметаат настапот на заеднички пазари, откривање нови, зголемување на конкурентноста и подобар пласман за нивните производи. На прво место го посочуваат сгурниот пласман на производите, откупот, со фокус за субвенционирање на дефицитарните производи, со што ќе се поотикне домашното производство и ќе се намали увозот на храна. Значи, стабилизирање на домашно производство и намалување на увоз на храна, рече Тамара Мијовиќ – Спасова од Аналитика тинк-тенк.