Цената на нафтата повторно падна на меѓународните пазари под 58 $ по предупредувањето од Меѓународната агенција за енергетика (IEA) дека залихите на нафта на средината на годината би можеле да достигнат рекордно високо ниво и да го продолжат трендот на намалување на цените.
На пазарот во Лондон цената на барел нафта падна 44 центи во однос на претходното затворање, на 57,9 $. На американскиот пазар се тргуваше за 84 центи пониска цена, од 52,02 $.
IEA проценува дека нафтените резерви на земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) во средината на годината би можеле да достигнат историски високо ниво од 2,83 милијарди барели нафта.
“И покрај очекувањата за изедначување на понудата и побарувачката до крајот на 2015 година, притисоците насочени кон пад на цената можеби се уште не се целосно престанати “, се вели во месечниот извештај IEA.
Челникот на компанијата Ian Taylor, говорејќи на меѓународната конференција на нафтената индустрија, рече дека очекува “драматичнo” зголемување на нафтените резерви во следните неколку месеци, но и воспоставување на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на нафта на пазарот во втората половина од годината.
Покрај тоа, врз цената на нафтата притиска и намалувањето на инфлацијата во Кина во јануари до најниско ниво во последните пет години, што е причина за загриженоста за побарувачката на нафта во втората светска економија.
“Економската активност се успорува, особено во тешката индустрија, и тоа неизбежно притиска врз цените на производите”, изјави Michal Meidan, директор на независната консултантска фирма China Matters.