currency-640x330Во кошница на 10 светски валути, вредноста на доларот во 2016 година ќе зајакне во однос на сите, освен кон британската и канадската национална валута, предвидуваат економистите.

Според прогнозите на аналитичарите анкетирани од Блумберг, најлош учинок ќе постигне Новозеландскиот долар.

Американскиот долар од крајот на септември се зголеми во однос на сите валути што се должи на зголемувањето на каматните стапки во САД и најавата за нивно ново зголемување во април.

Фунтата падна на најниско ниво од Април 2015 година, поради загриженоста околу забавувањето на британската економија и се помалите шанси дека Централната банка (Банката на Англија) ќе го следи ФЕД.

“Вредноста на доларот ги поддржува предвидувањата за раст на американската економија, а со тоа и двете централни банки имаат различни пристапи кон насоките на монетарната политика”, изјави Masashi Murata, потпретседател на Brown Brothers Harriman & Co. од Токио.

“Се претпоставува дека доларот во текот на следната година да расте со темпо што ниту една од валутите на кошницата 10 не ќе бидат во можност да го следат”, додава Murata.

Според предвидувањата на валутните стратези анкетирани од Блумберг, во првиот квартал канадскиот долар ќе зајакне во однос на американскиот долар за 2 проценти, фунтата за 1,5 проценти, додека новозеландскиот ќе ослабне за 6 проценти.

Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шестте големи светски валути во четвртиот квартал се зголеми за 1,9 проценти, а според прогнозите, индексот на крајот на првиот квартал на 2016 година ќе зајакне за 2,5 проценти.

Шансите ФЕД да ги зголеми каматните стапки веќе на состанокот во март, изнесуваат околу 48 проценти, додека 55 проценти е веројатноста дека тоа ќе се случи во април.

“Доколку американските податоци останат во склад со очекувањата на централната банка, сигурни сме на позитивен почеток на доларот во 2016 долари”, пишува во една белешка за клиентите Steven Saywell, шеф на валутниот оддел на BNP Paribas.

gde