Американскиот милијардер и инвеститорот Ворен Бафет смета дека американската централна банка (ФЕД) ќе има проблеми со зголемување на каматните стапки.
За иднината на каматните стапки Бафет говореше во интервју за американската телевизиска мрежа CNBC, после годишниот состанок на акционерите на инвестицискиот фонд на Бафет Беркшир Хатавеј, кој во саботата се одржа во Омаха.
Бафет очекувал каматните стапки и инфлацијата во САД до сега да бидат многу повисоки, како резултат на преземените чекори за заживување на економијата по Големата рецесија, но изјави дека направил грешка во неговата оцена.
Тој тврди дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе резултира со додатно зајакнување на доларот, што ќе предизвика штета на извозот на САД, како и тоа дека каматните стапки во САД нема да се зголемат значително, бидејќи каматните стапки во Европа се на многу ниско ниво.
Зборувајќи за доларот, Бафет изјави дека со оглед на изборот меѓу доларот и другите валути од кошницата, тој го преферира доларот во текот на следните 10 години.