Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за 2017 година.

Од вкупно 101 компанија, 78 завршиле со добивка, а 23 компании завршиле со загуба за 2017 година.

 

 

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 2.124.947.000 денари НЛБ Банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска Банка АД Скопје со нешто помала добивка од 2.044.120.000 денари и на третото место е компанија  од телекомуникацискиот сектор-Македонски Телеком АД Скопје со добивка од 1.380.848.000 денари.

Комплетниот преглед можете да го погледнете на слениов линк.