Покачување на цените на педесетина прехрамбени призводи ги чека граѓаните од петок. Престанува да важи гарантираната цена за лебот, јогурт, јајца, млеко, тестенини, сирење, дел од месните производи.. Колку дополнително ќе се удри по буџетот на граѓаните ќе зависи од трговците, но секое неетичко однесување, според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се казнува на најсериозен начин. Државниот трудов и пазарен инспекторат од задутре ќе бидат на терен и за секои евентуални зголемувања на цени кои излегуваат од нормалната пазарна логика соодветно ќе се реагира.
„НИЕ СМЕТАМЕ ДЕКА ЛЕКЦИЈАТА Е НАУЧЕНА, ДЕКА ВО ДРЖАВАТА ОСВЕН ПРАВЕЊЕ БИЗНИС И КРЕИРАЊЕ ПРОФИТ МОРА ДА ИМА МОРАЛ И ЕТИКА И КАЈ КОМПАНИИТЕ. И 5 И 10 ОТСТО Е ОПШТО ПРИФАТЛИВО. ДА НЕ СЕ СЛУЧИ ДА ИМАМЕ МАКАРОНИ СО 72 ОТСТО РАБАТ, ОДНОСНО МАРЖА НА ДОБИВКА КАКО ШТО ИМАВМЕ СЛУЧАЕВИ СО ДРУГИ ПРОИЗВОДИ“, ПОРАЧА БИТИЌИ.
А дали Комисијата за заштита на конкурентноста е на висина на задачата и ќе ги казни оние трговци кои претходно премногу ги качија цените? Битиќи вели дека комисијата го информирала дека процесот може да трае година дена, а веќе поминале 6 месеци оттогаш.
„СМЕТАМ ДЕКА СТАРИОТ СОСТАВ ЈА ИМА ЗАПОЧНАТО РАБОТАТА, ВЕЌЕ ИМАМЕ НОВ СОСТАВ НА КОМИСИЈАТА, И ВЕЛАМ ДЕКА АКО ЗАДУТРЕ ИМА ИНДИЦИИ ДЕКА ИМА ТАКВО ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ ОД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ, ЈАС КАКО ШТО НАПРАВИВ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ, ЌЕ НАПРАВАМ ПАК. ЌЕ ОДАМ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНОСТ ЗАТОА ШТО АКО НЕ МОЖАТ ТИЕ ДА НАПРАВАТ НЕШТО ПО ДОПРЕН ГЛАС, ЕВЕ ЈАС ЌЕ ДАДАМ ПРЕТСТАВКА ЗА КОМПАНИИТЕ.“, РЕЧЕ БИТИЌИ.
Во однос на Законот за нефер трговски практики, кој е во Собрание, Битиќи посочи дека е „Фантастичен предлог“, за кој не знае зошто се уште пратениците на гласат за него и не се усвојува.
Министерството за економија пред неколку дена се изјасни дека мерките за гарантирана цена нема да продолжат. Воедно се очекува да се зголемат и цените на зеленчукот, бидејќи завршува и мерката со која царинските давачки за дел од зеленчукот се намалија на 10 отсто. Пред да се донесе ваквата одлука се движеа од 30 до 65 проценти.