Преку 11 милијарди евра годишно се переле преку банките во Естонија во периодот помеѓу 2012-2016, а од нив 7,3 милијарди евра биле пренесени преку сметките на нерезиденти, пренесе Ројтерс кој се повика на полициски извор.

Земјата-членка на Европската Унија ја тресат шокантните откритија за перење пари од Русија, Молдавија и Азербејџан преку нерезидентни транскакциски сметки, кои властите на Естонија и Летонија беа приморани за ги затворат.

Финанскиската полиција во Естонија изјави дека покрај овие 4 милијарди евра испрани во банките кои беа откриени преку национална финансиска агенција за истрага, дополнителни 7,3 милијарди евра биле исплатени во естонските банки преку продажба на акции од Русија.

 

 

Според извештајот на полицијата, Руските власти се обиделе да ги сопрат овие трансакции надвор од земјата, кои подоцна биле префрлени на сметки нерезиденти во банките во Естонија како подоцна би биле ликвидирани преку финансискиот систем на Естонија.

„Во 2012, преку 7,3 милијарди евра од Русија биле процесирани преку нашиот финасиски систем. Средствата биле префрлени на десетици правни лица и фирми за повеќе стоки и услуги,“ изјави финансиската полиција во годишниот извештај.

Истата година, вредноста на економијата на Естонија изнесувала само 17,9 милијарди евра. Полицијата предупреди дека годинава се очекуваат нови обиди за перење пари од други банки од Русија.

Данската финанскиска полиција, пак, изјави дека овој месец пронашла „сериозни пропусти“ во работата на Данске Банк, откако спровеле истрага врз менаџментот и вработените во филијалите на Данске Банк во Естонија.