Со најновите законски измени во Република Македонија, сите маркети и продавници за прехранбени производи се обврзани јавно да ги објавуваат своите цени. Во таа насока, www.cenometar.mk нуди дигитална платформа која им овозможува на трговците да ги објавуваат и ажурираат цените лесно, брзо и ефикасно.

Според новите регулативи, транспарентноста на цените станува клучен фактор за доверба и конкурентност на пазарот. Со користење на www.cenometar.mk, трговците добиваат:

  • Централизирана и јавна база на цени, достапна за потрошувачите во секое време.
  • Автоматско или рачно ажурирање, според потребите на секој маркет.
  • Опција за API интеграцијасо касовните системи за безбедно и навремено ажурирање на цените.

“Нашата цел е да им помогнеме на трговците во исполнување на законските барања, додека истовремено ја зголемуваме довербата на потрошувачите преку транспарентност и достапност на информациите,” истакна Наум Димитровски, основач на www.cenometar.mk

Сите заинтересирани маркети и продавници можат да ја започнат регистрацијата преку контактирање со платформата на 071-355-844 или испраќање на допис за интерес за регистрација на платформата на [email protected] .