Денес, на берзата во Црна Гора, беше извршена блок-трансакција од 87,602 акции (90,55%) од банката Сосиете женерал Црна Гора, симбол POBA.
Купувачот на акции е Црногорската комерцијална банка АД Подгорица a, продавач на акциите е Societe Generale SA Paris.
Вкупната вредност на блок трансакцијата е 35.629.692 EUR, или 406,72 EUR по акција.
Во наредниот период Црногорската Комерцијална банка АД Подгорица, во согласност со закон и подзаконски акти, ќе им понуди на сите други малцински акционери откуп на нивните акции.