Унгарија мора да биде претпазлива во врска со усвојувањето на еврото, бидејќи треба да остане отворена и кон другите делови на светот, рече премиерот Виктор Орбан во петокот.
“Ние припаѓаме на попретпазливиот камп”, рече Орбан во врска со државите на Европската унија кои не ја усвоија единствената валута.
“Ние сакаме да бидеме составен дел на европската заедница, а истовремено да останеме отворени кон другите региони и заедници, што исто така ќе треба да се изрази во нашата одлука за еврото”, изјави тој на конференцијата на централните банкари од Кина и Централна и Источна Европа.
Унгарија, која која е мешавина на економски политики, откако Орбан дојде на власт во 2010 година, има дефицит под плафонот од 3 отсто на ЕУ, а нејзината економија се очекува да порасне повеќе од 4 отсто оваа година.
Неговата влада одржува блиски односи со Кина и Русија, која гради нуклеарна централа во Унгарија.
Десничарската националистичка влада на Орбан, исто така, постепено го префрли долгот на Унгарија во програма за хартии од вредност деноминирани во форинти, со цел да се намали нејзиното потпирање на девизниот долг номиниран во странски валути – што би ги направило поранливи на промените во глобалното окружување.