Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството.
Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични триења што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „Суецкиот канал, кој му носеше на Египет речиси 10 милијарди годишно“, сега е намален приход за 40 до 50 отсто, а Египет мора да продолжи да ги исполнува финансиските обврски со „компании и партнери“, пренесува Телетрејдер.
Тој зборуваше за ова за време на конференцијата со нафтените компании на манифестацијата Египетска енергија (EGYPES) 2024 година, која се одржува во Каиро и ќе трае до среда.