Осигурителните компании добија предлог од финанснии – утре да ги вратат старите цени на полисите за осигурување. Комисјата за автоодговорност, по неколку часовниот состанок, неместо конкретен предлог – излезе само со препорака – – до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките..се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Наредниот период Аггенцијата за супервизија на осигурувањето треба да подготви анализа на оправданоста на поскапувањеро и да достави нов тарифник. Потоа Комисија ќе свика состанок и ќе донесе нова одлука, велат од финании
Од Националното биро за осигурување пак, кое ја донесен одлуката за 15% зголемување на цените, пред состанокот изјавија дека осигуриотелните компании во текот на денот ќе ги кажат аргументите зошто барале посвисока цена.
Останува нејасно дали ваквиот предлог за замрзнување на цените осигуреителните компании ќе го прифатат и што со граќаните кои од 25 април плаќаат поскпапа регистрација на возилата- дали и на кој начин ќе им се вратaт парите?