Викендов во Охрид се одржува 27-то годишно собрание на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари. Собранието го отвори претседателот на здружението Бојан Цветановски во кое имаше излагање во врска со актуелната светска криза и финансиските пазари.

“27-мото годишно собрание на АЦИ Македонија е добар повод да се собереме со финансиските експерти и членовите на девизни трговци и да дадеме едно видување на актуелните состојби на финансиските пазари. Минатата година, беше транзициски период, кога од состојба на дефлациски тенденции се премина кон нови инфлаторни движења. Кумулацијата на монетарната маса која беше инјектирана од федералните резерви и ЕЦБ ја зголеми побарувачката за реални добра над понудата при што дадовме едно видување до кога овој ефект би траел и каков е импактот над актуелната безбедносна ситуација во Европа.

Очекувањата се од септември да се стабилизираат инфлаторните движења”, изјави Бојан Цветановски претседател на АЦИ Македонија.