Претседателот на америчките федерални резерви (ФЕД) Jerome Powel кажува дека америчката економија веќе неколку години е во пораст, пазарот на труд е и понатами силен, додека инфлацијата се врти околу зацртаните  два отсто.

Пауел изрази убеденост дека не само што економијата е во добра состојба, туку и дека ерата на стабилен раст ќе продолжи, под услов ФЕД да ги донесе правилните одлуки за монетарната политика, пишува SEEbiz., објавувајќи го полугодишниот  извештај за монетарната политика до американскиот комитет за банкарство во Сенатот.

Пауел во писменото обраќање до  Комитетот за банкарство во Сенатот во врска со  прашањата за можна “трговска војна”  тој одговорил дека нема да има никакви ризици  и дека ќе има позитивен исход ако конечните преговори доведат до пониски светски тарифи.

 

Додека Пауел избегна директни критики на претседателот Доналд Трамп за тарифите конкретно кон Кина, но и  кон американските сојузници во Европа, тој призна дека тарифите се “апсолутно” погрешен пристап и исто така додаде дека Американските држави ќе го осетат тоа на национално ниво ако санкциите останат во сила премногу долго .

 

Неговото сведочење беше една од најсилните афирмации на членовите  на ФЕД.

Централната банка ги достигнала своите политички цели после долги  години, обидувајќи се да ја извлече земјата од длабоката финансиска криза и рецесијата, пишува SEEbiz.

Со соодветна монетарна политика, пазарот на трудот ќе остане силен и инфлацијата ќе остане близу до два проценти во текот на следните неколку години –  додаде Пауел.