По именувањето на Хартвиг Лоегер за министер за финансии на Австрија, уште еден од раководните луѓе на Уника групациајта е поставен на значајна раководна функција надвор од групацијата. Андреас Брандштетер, претседателот на Управата на Уника Иншуранс Груп, во следните три години ќе ја извршува функцијата на претседател на евроспкото здружение за осигурување и реосигурување, Иншуранс Европа. Брандштетер е во Уника групацијата од 1997, а на моменталната позиција е од 2011 година. „Голема чест е што сум избран како претседател на здружението кое ги застапува европските осигурувачи.

 

 

Нашата индустрија дава голем придонес во општеството, и преку заштитата која ја нудиме на клиентите и преку долгорочните инвестиции кои ги остваруваме во економијата. Општеството брзо се развива и нашата индустрија мора да се развива, така што ова е посебно фасцинантно време да ги претставувате европските осигурувачи, како во Европа, така и пошироко во светот.“, стои во коментарот за изборот на Брандштетер.

Претседателот на Уника доаѓа на местото на Серџо Балбинота, член на управниот одбор на Алианц, кој ги одработи двата мандата колку што дозволува правилникот на здружението.