Во Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе биде презентиран јавниот повик за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Јавниот повик ќе го презентираат заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на заедничка прес конференција.