Резултатите од Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво денеска, во 14 часот, ќе бидат презентирани во Клуб на пратеници.

На настанот, на кој ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, менаџерката на Проектот за подобрување на социјалните услуги Елизабета Куновска и претставници на општините, ќе бидат потпишани договорите за грантови со претставници на избраните даватели на услугите и на општините.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

– Преку овој проект, со доделување грантови се придонесува за проширување и унапредување на квалитетот социјалните услуги на локално ниво, како и за зголемување на опфатот со услугите, велат од МТСП.

Преку првиот повик, се реализирале 22 проекти во 27 општини, соопштуваат од министерството.