На денешната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политикаЈованка Тренчевска се дискутираше за Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како единствена точка на дневниот ред на денешната седница на ЕСС, бил презентиран од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими, по што се отворила дискусија од страна на присутните членови на Економско- социјалниот совет, како и пред не репрезентативните синдикати, кои се поканети и присуствуваат на сите седници на ЕСС.
-Планот е составен од три дела: Мерки и програми за намалување на расходите, Мерки и препораки за подобрување на наплатата на буџетските приходи и Мерки и препораки за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, се наведува во соопштението.
Министерот Бесими истакнал дека фискалната консолидација значи конкретни политики насочени кон намалување на буџетскиот дефицит и долгот.
По разгледување на Планот на Економско социјалниот совет, предлогот ќе биде даден на Владата на усвојување.