Во тек е пријавувањето за субвенции во рибарството. Аплицирање трае до крајот на овој месец. Парите можат да се добијат за порибување на рибниците со купен или сопствен подмладок. Поголема финансиска поддршка ќе добиваат помалите капаците, а за поголемите таа скалесто се намалува…
Рибниците и сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал наменет за промет и кои немаат увезено подмладок и жива риба во период од декември 2022 до декември 2023 година, можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка. Набавката на подмладокот треба да е извршена од 1-ви јули до 30-ти септември годинава.
Висината на субвенцијата е 50 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.
За купен или сопствен подмладок до 3.500 килограми се добиваат 100 проценти од вредноста на утврдената цена, за количество до 7.000 – 75 проценти , до 9.000 – 50 проценти и за купен или сопствен подмладок над 9.000 килограми се добиваат 25 проценти од неговата цена.
Корисници се субјектите кои поседуваат дозвола и кои се запишани во Регистарот на Министерството за земјоделство.
Доколку до Платежната Агенција се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства, предност им се дава на оние баратели кои го поднеле барањето порано од останатите. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, документите може да ги достават лично во платежната Агенција или преку пошта најдоцна до 30-ти октомври.