При крај е откупот на тутунот, но сите се изненадени од рекордната реколта која е поголема за повеќе од 4.000 тони. Има повеќе причини за тоа, а зголемената цена и производството се стимул за новата производна година. Законски откупот завршува на крајот на февруари …
Тутунарите се изненадени од рекордната реколта тутун. Досега се откупени близу 23.500 тони, а има уште 10 проценти од родот за де преземе. За Сојузот на тутунските здруженија тоа се должи на продолжената производна година, влажноста и немањето одбитоци.
Сојузот нема сознанија за некој увоз на тутун, но има за тоа што дел компании го враќаат откупеното.
За новата реколта ќе биде битно стимулирање на нови производители, главно со цената.
Министерството за земјоделство, за новата реколта формираше тело во кое се тутунарите и откупувачите за да се постигнат оптимални услови за тутунопроизводство.