БНП Парибас банка објави пад на нето приходот за првиот квартал бидејќи пандемијата на вирусот корона има три „големи негативни влијанија“ на нивниот биланс на состојба.
Француската банка оствари нето приход од 1,3 милијарди евра (1,42 милијарди долари) во првите три месеци, што е за 33 проценти помалку од 1,9 милијарди евра остварени пред една година.
„Првиот квартал започна многу добро, а потоа кон крајот беше под влијание на Ковид-19, особено од трите аспекти кои влијаат на резултатот“, рече Ларс Мекенил, главен финансиски директор на БНП Парибас, за Си-Ен-Би-Си.
Банката издвои 502 милиони евра за потенцијални загуби на кредити како резултат на тековната пандемија. Исто така, се забележува загуба на приходите од нови 184 милиони евра како резултат на новите ограничувања на дивидендата и пад на проценката на пазарот од 384 милиони евра.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк