Скандалите во режија на најслабиот градоначалник во Македонија и најнеспособниот во историјата на општина Прилеп, Борче Јовчески, немаат крај. Откако ги преспа трите години од четиригодишниот мандат, а градот го претвори во закрепостена паланка со раскопани и во мрак потонати улици, без срам и перде прилепскиот градоначалник се поднови со нов службен автомобил од 65.000 евра, кажа на прес конференција Бојан Цветаноски, претседател на ЛК на СДММ Прилеп.

Со својата постапка карактеристична за авторитарните владетели, Јовчески покажа дека изгубил контакт со реалноста. Дека проблемите и потребите на граѓаните се неважни наспроти неговата желба за луксузирање со парите на прилепчани.

Неодговорното и нестручно владеење на ДПМНЕ и Јовчески резултираше со зголемување на животните трошоци на граѓаните на Прилеп: поскапеа водата, комуналните услуги, данокот на имот, градскиот превоз.

Нема пари за нови улици и градинки, катни гаражи, нови противпожарни возила, за бесплатен оброк и униформи за учениците, ефикасни мерки за заштита на животната средина. Ама затоа има 65.000 евра за супер луксузен службен автомобил по мерка и вкус на градоначалникот Јовчески.

Некадарноста на Јовчески и локалната власт на ДПМНЕ, се главната причина поради која Прилеп стана небезбедно и непосакувано место за живеење. Младите заминуваат од градот, а мнозинството од оние кои сеуште се тука живее на работ на егзистенцијата. Ароганцијата и егоизмот со кои прилепскиот градоначалник ја раководи Општината, само ги забрза ретроградните процеси започнати пред три години.

Заклучокот кој произлегува од кажаното е јасен и недвосмислен: освен што со својата неспособност го уназади Прилеп, со неразумно потрошените 65.000 евра Борче Јовчески си резервираше место таму каде вистински припаѓа – на темната страна од долгата и богата историја на Прилеп, рече Цветановски.