Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ќе го условат пристапот на финансирање од буџетот за периодот 2021 до 2027 година со почитување на владеење на правото, според нацрт-заедничката одлука за подготовка на нивниот самит во четврток во Брисел.

„Ќе се воведе општ режим на условеност за да се отстранат евидентните широко распространети недостатоци во доброто управување на земјите-членки во однос на почитување на владеењето на правото”, се наведува во нацртот.

Европската комисија треба да даде препораки за начинот за решавање на секој таков случај, а земјите-членки на ЕУ би одлучиле со мнозинство гласови дали ќе ги поддржат препораките, се вели во документот.

Ова претставува промена од претходниот предлог дека таков предлог на Комисијата може да се запре само со мнозинство гласови од земјите на ЕУ.

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ во четврток ќе ги „вкрстат” аргументите во врска со следниот буџет, кој се предлага максимум од 1,094 трилиони евра или 1,074 отсто од бруто националниот доход на ЕУ.

За предлогот е потребна едногласна поддршка, а очекувањата дека ќе биде постигнат договор се минимални.