Во Охрид пристигна првиот лет од Амстердам. Со туроператорот ТУИ слетаа стотина холандски туристи кои ќе одмараат на брегот на Охридското Езеро…
На охридскиот аеродром пристигна првиот лет од Амстердам со туроператорот ТУИ. Стотина туристи од Холандија следниве денови ќе одмараат на брегот на Охридското Езеро.
Од мај заклучно до октомври се очекува десетици илјади Холанѓани да престојуваат во земјава.
Холандските гости се едни од најбројните, кои остваруваат најголем број ноќевања. Нивните аранжмани се од 07 до 21 ден.
„Стартуваме со сезоната ќе имаме во месеците мај јуни по три летови, а од јули почнува четвртиот лет од Холандија ќе бидат вкупно по четири понеделник, среда петок а потоа и сабота. Од 26 мај ни почнува и првиот авион од Велика Британија од Манчестер со првите гости од Англија така да почнуваме и се надеваме на убава сезона“, вели Челик Асим тур-оператор.
Холанѓаните се големи вљубеници во Охрид. Некои доаѓаат за прв пат, но некои и со години одмараат на брегот на Охридското езеро. Им се допаѓа природата, културното наследство и гостопримството.
„Сум бил во Охрид многу, многу пати. Езерото е најубаво на свет. Десет дена ќе сме овде и ќе се вратиме повторно во август“, изјави турист.
„Прв пат сме овде. Од авионот глетката беше преубава многу зеленило и прекрасно езеро“, додаде друг.
„Трет пат доаѓам многу ми се допаѓа“, рече турист.
Се раздвижува на охридскиот аеродром. Минатата недела пристигна и првиот чартер-лет од Холандија со туроператорот Корендон. Од 03 јуни стартуваат чартер летовите Охрид-Белград.