На последниот ИПАРД повик објавен во декември 2019 година, за кофинансирање на инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи на стопанствата им се на располагање 13 милиони евра. Средствата ќе се користат за изградба на нови или реконструкција на постоечките преработувачки капацитети. Последнијот рок за аплицирање е за два дена, односно до 26-ти февруари годинава.
На овој јавен повик на на земјоделските стопанства им се на располагање вкупно 13,3 милиони евра обезбедени од европската ИПАРД 2 програма.
Право да учествуваат имаат сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо и нивни производи, вклучувајќи јајца и живина, потоа овошје, зеленчук, житарици и вино.
Заинтересираните ќе може да набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти и производствени капацитети.
Барателите кои ќе да аплицираат имаат право на 50 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.
Рокот за поднесување на барањата трае уште два дена, односно до 26 февруари.
Досега од европската ИПАРД 2 програма се потпишани 1.480 договори, а финансиска поддршка добиле 824 реализирани инвестиции.