Привршува јавниот повик со кој членовите на Националната рурална мрежа од областа на земјоделството и руралниот развој можат да добијат финансиска поддршка за одржување на настани и активности. Средствата кои се на располагање за оваа намена изнесуваат 10 милиони денари.

Привршува јавниот повик за финансиска поддршка за реализирање на активности на Националната рурална мрежа.

Нејзини членови се органите на државната управа, стручните установи, локалната власт, земјоделските стопанства, научно-образовни институции, здруженијата, земјоделските задруги, физички и правни лица чии активности се во насока на подобрување на земјоделството и руралниот развој.

Вкупниот износ на средствата кои се на располагање со овој повик се 10 милиони денари.

Еден барател може да користи поддршка за 2 активности најмногу до 600 илјади, а минималниот износ кој може да се добие е 60 илјади денари.

Услов е барателот да биде член на мрежата, а проектите да се наменети за квалитетно спроведување и информирање за програмата и за иновации во производството на храна, шумарството и одржлив развој на руралните средини.

Пријавите се поднесуваат до Министерството за земјоделство и електронски на интернет страницата на националната рурална мрежа.

Изборот е по принципот прв дојден-прв услужен.

Повикот ќе трае до 30-ти септември.