Во три блок трансакции во вкупна вредност од 17,3 милиони денари денеска на Македонската берза се продадоа 8.557 акции од Стопанска банка Битола.

Акциите во две трансакции се продадоа по цена 2.000 денари за акција, додека во една трансакција акциите се продадоа по цена од 2.100 денари за акција.