Вчера, преку Македонската берза беа продадени 1 557 акции од ТТК Банка. Вредноста на една акција во продажбата изнесувала 980 денари. Станува збор за една блок трансакција со вкупна вредност од 1,5 милиони денари.
На почетокот на овој месец, беа продадени 1 000 акции на банката, во блок трансакција вредна 1 030 000 денари. Една акција чинеше 1 030 денари.