Во 5 фирми од трговијата со возила платите се далеку над просек.

Самата трговија со автомобили асоцира на луксуз, а добрата вест е што во овие компании, каде што се вртат огромни профити, и вработените заработуваат добро.

Иако е криза, како што пишуваше порталот Пари (https://pari.com.mk/makedoncite-ne-shtedele-za-kupuvanje-nov-avtomomobil/), вработените кои се занимаваат со извоз и продажба на автомобили имале доста работа. Многу граѓани купиле нов автомобил, а со најмногу продажба може да се пофали Порше Македонија.

Државниот завод за статистика пресметува просечни плати за вработените во Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли, и статистичарите пресметале дека во оваа дејност во 2021 година просекот бил 29.904 денари. Но, најдарежливите компании во трговијата со возила давале плата над 50.000 денари.

Највисоки плати, над 58.000 денари, земале вработените во Миркат, застапникот на Сузуки, по што следуваат Порше Македонија и М Кар. Највисок скок на платите имало кај Авто Трејд, која во 2020 година во просек ја исплаќала минималната плата, односно нешто под 14.000 денари, а веќе следната, 2021 година, има скок на платите од 272 %. Според податоците на Пари, минатата година месечната плата на ТОП петте компании по плати во просек им изнесувала околу 53.500 денари.

ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ  ПО ПЛАТИ

Најголем работодавач е Порше Македонија, каде работат над 100 вработени, по што следуваат Еуроимпекс и Мак Автостар со по 90, односно 79 вработени.

ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ ПО ВРАБОТЕНИ

Во претставништвата за продажба на автомобили: Порше, Еуроимпекс, Мак автостар, Автомобиле СК и Автомотив има 375 вработени. Тоа се компаниите од секторот со трговија на возила кои и поединечно вработуваат најмногу вработени во оваа дејност. Од податоците се гледа дека од петте компании со најголем број на работници, само две влегуваат во ТОП 5 компании со најголеми плати во овој сектор – Порше и Мак автостар.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/prodavale-besni-koli-i-davale-plati-vo-prosek-od-53500-denari/