Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС известува дека врз основа на доставено bарање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, sоветот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22 февруари даде согласност за пренос на 100 отсто од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Позаваровалница Сава д.д.
Исто така, МАПАС известува дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат согласно македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.