Во февруари 2018 година според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 2.3 % на месечно ниво, а за 6.0 % на годишно ниво.

 

Во февруари 2018, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.1 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.7 %.

Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 35.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.2 %.