До 30-ти декември годинава е продолжен рокот за аплицирањето за дополнителните субвенции за полјоделски и градинарски култури и за овошни и лозови насади. Продолжувањето од 5 дена е по барање на земјоделцитe.
До 30-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за полјоделски и градинарски култури и за овошни и лозови насади. Во градинарството, производството треба да е предадено на регистриран откупувач, користено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, за домашни потреби или е продадено на пазар.
Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000 денари по хектар, а услов е да се имаат минимални просечни приноси од 20.000 килограми по хектар за домат, пиперка 15.000, краставица и зелка 30.000, грав 1.000 и за компир 15.000 килограми по хектар.
За овие субвенции не се доставуваат дополнителни документи во прилог на барањето.
Градинарите пак што го предале своето производство во преработувачки капацитет директно или преку еден регистриран откупувач во периодот од 26-ти декември 22 до 25 декември 2023 година, имаат право на 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за куртовска капија каде што субвенцијата е 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни и од ноември до декември 2023 година.
Во прилог на барањето до Платежната агенција се доставува Потврда за предадени градинарски култури од регистриран преработувач.