Сточарите кои го предале млекото од октомври до декември 2017-та година за да ги добијат субвенциите, наместо до 16-ти како што претходно беше одреден последниот рок, барањата сега ќе можат да ги доставуваат до 23-ти мај годинава. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за кравјо, а 4 денари за овчо и за козјо млеко.

Млекопроизводителите имаат неколку дена за да се пријавуваат за субвенции за произведеното и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017-та година.

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Продолжувањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплатата на субвенциите, велат од министерството за земјоделство.

До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од октомври до декември лани.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.