Работодавачите им ги споија работните денови со празничните. Ќе се намали продуктивноста, реагира бизнисот…
Синдикатите на протест, дел од работниците на излет или на патување, работодавачите им ги споија работните денови со празничните. Ќе се намали продуктивноста, реагира бизнисот. Потребно е системско решение, но не на грбот на работата и работниците.
Наследивме технолошки заостаната структура, која побавно се развива во однос на тоа што значи иновации, инвестиции, вложување во капитални проекти. Секој ваков излет може дополнително да влијае на продуктивноста.
Профитот е мотивација за стопанствениците, но и за работниците, а Светската банка нотираше дека продуктивноста не соодветствува на платениот труд.