Според официјалните податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека во 2017 година македонските банки оствариле профит од 106,6 милиони евра или речиси 4 милиони евра повеќе од 2016 година, којашто претставуваше рекордна година по заработката која ја имаат остварено.

 

 

Но, профитот не го делат сите банки подеднакво. Најголемиот дел од профитот или 95,6 милиони евра оствариле големите банки, 11,4 милиони средните банки, а малите банки имале загуба од околу 470 000 евра.  Ако се спореди зарабoтката на крајот од годината со таа остварена во третиот квартал произлегува дека за само три месеци, добивката на македонските банки пораснала над 31 милиони евра. Дури и во услови кога економскиот раст беше очаен, а политичката ситуација кулминираше со огромна нестабилност, банкарскиот сектор покажа стабилност и беше еден од ретките сектори кои остварија висока заработка.

 

Големата профитабилност на банките се должи на големата претпазливост за кредитирање на првокласни клиенти кои можат да си ги вратат и основицата и каматите, дури и во такви услови со кои се соочуваше државата изминатата година.

 

Со кредитирање на населението се врши висока дисперзија на ризикот. Најголем дел од приходите, банките ги оствариле преку камати. За претходната година во нивните каси се слеале 254 милиони евра, а само од населението наплатиле 150 милиони евра. Од провизии и надоместоци во касата ставиле уште 71 милиони евра.

 

Граѓаните заклучно со јануари на банките и штедилниците им должат 2,3 милијарди евра или грубо пресметано задолженоста по глава на жител изнесува 1150 евра.