Охридска банка АД Скопје, воведува Програма за лојалност во соработка со Вестерн Унион, која ги опфаќа сите клиенти кои ќе направат трансакции преку Програмата, во било која експозитура на Банката, во период од 30.05.2018 до 30.07.2018 година.

 

Концепт на Програмата за лојалност:

 

  • Програмата за лојалност ги вклучува сите клиенти на Вестерн Унион, кои своите трансакции ќе ги направат во било која од експозитурите на Банката, во период од 30.05.2018 – 30.07.2018 година.
  • Подарок за секоја втора и секоја четврта Вестерн Унион трансакцијареализирана од ист клиент преку ОБСГ мрежата во промотивниот период од 30ти Мај 2018 – 30ми Јули 2018.
  •  Подароци: Бејзбол капче за секоја втора трансација и голем пешкир за секоја четврта трансакција, се до искористување на расположливите количини
  • За регистрација на трансакциите во промотивниот период ќе се користат нови картички за лојалност, кои клиентите треба да ги имаат во себе и при секоја транскација во било која експозитура на Банката да ја приложуваат за евидентирање на трансакцијата. По исполнување на условот за две, односно четири реализирани трансакции, следува подарок. Картичката треба да биде пополнета со име и презиме на клиентот, датумите на релизација на трансакциите, како и печат за потврда регистриран од страна на Банката