Без 1000 евра плата, програмерите не прифаќаат работа во домашните ИТ компании, а во последниве години се повеќе млади програмери работат за странски компании кои отвораат свои претставништваа во земјава
Ова го потврди и Државниот завод за статистика кој ги објави податоците за просечната плата која во октомври годинава изнесувала 418 евра. Статистиката вели дека просечната плата на компјутерските програмери е 1.000 евра, втори на листата се фармацевтите со во просек со по 750 евра нето плата, потоа следуваат вработените во воздухопловен транспорт со 740 евра, па вработените во финансиско-услужните дејности со 720 евра. На врвот на топ пет листата се и вработените во телекомуникацискиот сектор, со во просек по 640 евра нето плата.
Ако овие се најплатените професии, со најниски плати се вработените во секторот заштитни и истражни дејности чии нето плати се пониски од минималната плата и изнесува во просек 220 евра. Малку повисоки се платите во секторот услуги со плата од 250 евра, и текстилците кои добиваат во просек по 260 евра месечно.