Најновите истражувања покажуваат дека во 2025 година програмерството повеќе нема да биде најбараната и најплатената професија. На врвот на листата сега се наоѓаат стручњаци за вештачка интелигенција, медицински сестри и советници за патувања.
Недостатокот на работници најмногу се чувствува во занаетчиските и услужните професии, каде што електричарите, автомеханичарите, фризерите, готвачите и возачите остануваат високо ценети и барани.
Јелена Јевтовиќ од Унијата на работодавачи на Србија додава дека занаетчиските професии стануваат сѐ помалку атрактивни за младите, најмногу поради недоволна промоција и подобри услови за работа во странство.
„Занаетите не се доволно промовирани во училиштата, а многу квалификувани работници заминуваат во развиени земји заради подобри економски услови.“
Истражувањата покажуваат дека младите генерации ги избираат професиите врз основа на потенцијалната заработка. Економската криза и инфлацијата ја истакнаа платата како главен фактор.
„Младите не гледаат само на платата. Важно им е да имаат добри меѓучовечки односи, можности за усовршување и баланс помеѓу работата и приватниот живот. Оваа генерација сака хибридни модели на работа и се грижи за менталното здравје., додава таа.
Додека професиите како програмерството остануваат важни, трендовите покажуваат дека занаетите, услугите и иновативните професии ќе играат клучна улога во претстојните години. Младите бараат професии што нудат стабилност, можност за напредок и флексибилност.