ПроКредит Банка продолжува да ја шири својата мрежа со отворање на нова, модерна филијала во Чаир.

По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, ПроКредит Банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од ПроКредит тимот во населбата Чаир на ул. Џон Кенеди бб, Скопје.

Филијалата во Чаир располага со модерен дизајн кој на своите клиенти им нуди современо банкарско искуство во кое било време, без чекање ред на шалтер, благодарение на 24/7 Зоната. Како дополнителна придобивка за клиентите, филијалата е опремена со современи банкомати кои нудат можност за уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет, како и користење на drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства за бизнисите коишто имаат потреба од оваа услуга.

Заедно со современиот ентериер и дигиталните услуги, клиентите на банката добиваат и стручен тим од посветени професионалци, кои можат да понудат брза и персонализирана услуга, како и советодавна поддршка за своите клиенти со цел да донесат информирани одлуки, но и да добијат одговор на сите прашања.

„Нашата цел е да продолжиме со проширување на мрежата на филијали и да понудиме поголема достапност. Во ПроКредит Банка, удобноста и задоволството на нашите клиенти се приоритет. Отворањето на филијалата во Чаир ја одразува нашата посветеност за обезбедување банкарско искуство прилагодено на уникатните потреби на локалната заедница.

Модернизацијата на нашите филијали не само што го подобрува целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за нашите вработени, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство“ – велат од ПроКредит Банка.

Сите информации за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).