ПроКредит Банка успешно го затвори годинешниот Startup Weekend Skopje, организиран во соработка со Solveo, кој се одржа во Централната управа на банката.
Овој настан, кој стана традиционален за стартап заедницата, беше поддржан од страна на ПроКредит Банка, која и оваа година беше главен спонзор, заедно со Мастеркард Македонија. За банката, поддршката на иновациите и развојот на стартапите е важен дел од нејзината стратегија, и тие ја делат и промовираат визијата за раст на стартап екосистемот.
Со голем ентузијазам и креативни идеи, 10 тимови работеа на развојот на иновативни решенија, со фокус на социјалните иновации. Победнички тим беше избран тимот „CareConnect“, кој предложи решение за поврзување на семејствата на постарите лица со старатели, нудејќи персонализирана грижа. Ова решение се одликува со голем потенцијал за позитивно влијание врз повозрасната популација и нивната благосостојба.
ПроКредит Банка продолжува да биде посветена на поттикнување позитивни промени и промоција на долгорочен и одржлив развој, со поддршка на иновациите и новите идеи што можат да направат разлика во општеството.
Погледнете дел од атмосферата на настанот низ неколку фотографии.