Во организација на ПроКредит банка се одржа Агро Бизнис форумот на кој присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија примарни земјоделски производители, претпријатија од прехрамбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието.
Беа присутни и сите клучни институции во македонското земјоделство: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков, Федарацијата на фармери на Р.Македонија, здруженијата на земјоделци.
Сите релевантни страни во македонското земјоделие беа едногласни – Македонскиот агро бизнис има голем потенцијал. За искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење.
Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков ја поздрави иницијативата на ПроКредит за вакво здружување на сите релевантни страни во македонското земјоделие и порача дека во иднина банките и Министерството уште повеќе ќе работат заедно.
Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, каде може да се разменат контакти и да се градат нови бизнис соработки. Форуми од ваков тип се одлична можност да се слушнат новостите во земјоделието, да се размени искуство, да се остварат контакти за соработка.
На настанот се прогласија и наградија 14 проактивни практики во следниве категории: примарни земјоделски производители-житни култури, овошни насади, раноградинарсво, сточарство и сертифицирано органско прозводство, преработувачи и откупци. На наградените претприемачи ПроКредит им овозможува саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и можен пласман во странство.