Сите банки на ПроКредит во Југоисточна и Источна Европа објавија позитивни резултати, при што повеќето покажаа значително
подобрени или стабилно добри нивоа на профитабилност и на трошковна ефикасност во споредба со претходната година.

ПроКредит Групацијата, главно активна во Југоисточна и Источна Европа, забележа одличен финансиски резултат од 113,4 милиони евра во 2023 година, што одговара на принос на капиталот од 12,2%. Оперативните приходи се зголемија за 21% на годишно ниво, како резултат на позитивните движења во
сите редовни текови на приходи. Соодносот на трошоци и приходи се подобри за 4,1 процентни поени, на 59,9%. Умерениот раст на кредитното портфолио од 1,9% во голема мера се должи на тековните намалувања на портфолиото во Украина.
Депозитите забележаа добар раст од 965 милиони евра, или 15,3%, со значаен придонес од сегментот комерцијално банкарство. Врз основа на соодносот на CET1 од 14,3%, Управниот одбор има намера да предложи дивиденда од 0,64 евра по акција на Годишното генерално собрание на 4 јуни 2024 година.
Кредитното портфолио на Групацијата порасна за 119 милиони евра или за 1,9%.
Депозитите пораснаа за значителни 965 милиони евра или за 15,3%, во кои физичките лица учествуваа со приближно 50%.

Значителен развој на приходите и зголемена трошковна ефикасност

Оперативните приходи на Групацијата се зголемија втора година по ред за повеќе од 20%, со раст од 72,7 милиони евра или 21,4% во споредба со 2022 година, на 412,5 милиони евра (2022 година: 339,8 милиони евра). Овој позитивен развој е поттикнат од повисоките нето-приходи од камати, нето-приходите од провизии и надоместоци и приходите од девизни трансакции. Сите банки на ПроКредит во Југоисточна и Источна Европа објавија позитивни резултати, при што повеќето покажаа значително подобрени или стабилно добри нивоа на профитабилност и на трошковна ефикасност во споредба со претходната година.

Нето-приходите од камати пораснаа за 72,6 милиони евра или за 27,4%, на 337,2 милиони евра (2022 година: 264,6 милиони евра). Нето-каматната маржа се зголеми за 53 базични поени, на 3,6%, како резултат на главно стабилните кредитни маржи и на повисоките клучни каматни стапки. Во четвртиот квартал, нето-каматната маржа изнесуваше 3,8%.

Со 57,5 милиони евра, нето-приходите од провизии и надоместоци се 5,1% над нивото забележано во претходната година (2022 година: 54,7 милиони евра). Особено позитивно се развиваа приходите од активностите со трансакции и картички. Другите нето оперативни приходи придонесоа 17,8 милиони евра во вкупниот резултат (2022 година: 20,5 милиони евра). Резултатот од девизните трансакции, што е вклучен во оваа ставка, бележи солиден пораст од 4,1 милиони евра или 17,2%. Кадровските и административните расходи пораснаа за 29,6 милиони евра или 13,6%.
Ова зголемување главно се должи на повисоките трошоци за персоналот, ИТ и за маркетинг. Соодносот на трошоци и приходи видливо се подобри за 4,1 процентни поени, на солидно ниво од 59,9% (2022 година: 64,0%).

 

Управниот одбор ги објави изгледите за финансиската 2024 година

Земајќи ги предвид солидните финансиски резултати во 2023 година, Управниот одбор очекува принос на капиталот од околу 10%-12% за 2024 година, врз основа на внимателна проценка до 40 базични поени за трошоците за ризик. Соодносот на трошоци и приходи се очекува да биде околу 63%, земајќи ги предвид зголемените инвестиции и претпоставувајќи благо намалена нето каматна маржа.
„Продолжуваме интензивно да инвестираме во однос на персоналот, ИТ и маркетингот, бидејќи сакаме видливо да го зголемиме нашиот отпечаток на нашите пазари во наредните години, со цел да постигнеме важни ефекти на скалирање, да ги зајакнеме маржите на двете страни од билансот на состојба и да
го зајакнеме позитивното влијание што сакаме да го создадеме во општествата и во економиите во кои работиме“, истакна Хуберт Спехтенхаузер.
На среден рок, ПроКредит има за цел да го зголеми кредитното портфолио на Групацијата за над 10 милијарди евра. Се очекува среднорочниот принос на капиталот да се зголеми на ниво од приближно 13%-14%, со претпоставка за трошок за ризик од околу 30-35 базични поени. Соодносот на трошоците и приходите се очекува да биде приближно 57% (без еднократни ефекти).

Годишниот извештај на ПроКредит групацијата за 2023 година и Извештајот за одржливост за 2023 година од денес се достапни во делот Односи со инвеститори на веб-страницата на ПроКредит Холдинг на https://www.procredit-holding.com/investor-relations/reports-and-publications/financial-reports/ и https://www.procredit-holding.com/investor-relations/reports-and-publications/non-financial-reports/.
Пакетот на Извештајот за одржливост се состои од два дела. Самиот Извештај за одржливост дава детален преглед на стратегијата за одржливост на ПроКредит Холдинг, како и на неговите перформанси за одржливост, иницијативи и цели за иднината. Освен тоа, во нејзиниот Годишен извештај, Групацијата доброволно ги открива своите стратегии, планови и методологии во контекст на два стандарди
специфични за темата, ESRS E1 „Климатски промени“ и ESRS S1 „Сопствена работна сила“, во согласност со начелата на Меѓународната рамка за интегрирано известување.