ПроКредит банка за своите потреби објавува оглас за практична настава во експозитурата во Струга.
Потребни услови за аплицирање:
• студенти во третa или четврта година на студии
• познавање на работа со компјутер (Microsoft Office)
• комуникативна личност со силни интерперсонални вештини, тимски играч, флексибилен
Практичната настава ќе биде со времетраење од 8 часа дневно во период од еден до три месеци. За практичната настава избраните кадидати ќе добијат паричен надоместок од 6.000 денари месечно.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратетeго вашето CV на англиски јазик на [email protected] со назнака “За практична настава – Струга”, не подоцна од 26.04.2018 година.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.