Од 07.07.2018 година со влегувањето во сила на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поради што се воведуваат следниве промени во работењето на  Стопанска банка АД – Скопје:

 

– Согласно одредбите од споменатиот Закон, се воспоставува потреба од задолжителнa идентификација на “Носител на јавнa функциja” поради што сите постоечки и идни клиенти на банките задолжително мора да пополнат Изјава дали се Носители на Јавна Функција или се лица поврзани со Носители на Јавна Функција (Политички изложени лица), по што Банката врз основа на соодветна проценка на ризик одлучува за одобрување/продолжување на деловниот однос со лицето.

 

– Се воспоставува задолжителна идентификација и регистрација на сите физички или правни лица што сакаат да направат/ извршат каква било трансакција/ услуга од Банката. Идентификацијата и верификацијата се вршат со приложување на соодветна документација издадена од надлежен државен орган (важечка лична карта/пасош за физички лицатековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица) а регистрацијата на новите клиенти се врши со целосно пополнета Апликација за регистрација/ ажурирање на клиент (физичко и правно лице) која е достапна на веб страницата

 

– Се воспоставува задолжителнa идентификација и верификација  на  “вистински сопственик” на правно лице како задолжителен предуслов без кој Банката не може да воспостави/продолжи деловниот однос.

 

За повеќе информации информирајте се во некоја од  филијалите или во Контакт центарот.